Нашата мисија е да им овозможиме на љубителите
на кафе во целост да ги искусат разновидните кафе
вкусови и ароми, нудејќи им кафе од најразлични
региони од целиот свет.
За нас
Наша цел е да ја доближиме културата на пиење
специјализирано кафе до нашиот народ и да
овозможиме пристап до квалитетни зрна кафе со
разни ароми и вкусови на секого.
Во нашата кафетерија може да пробате кафе
подготвено од нас и секако може да си купите
печени зрна кои ќе си ги приготвите сами во вашиот
дом.
Кафето кое го нудиме е со
врвен квалитет, рачно берено од локални
земјоделци и истото е испечено до совршенство во
една од најдобрите пржилници за кафе во Европа,
The BARN.